За шест месеци работа во Хрватска се заработува повеќе отколку за една година во Македонија
На пазарот на труд, во моментов има нешто повеќе од осум илјади слободни работни места. Слободни се 8.233 работни места, а само во Скопје се бараат 5.569 работници од различни профили. Има огласи за продавачи, градежни работници, келнери, магационери, столари, молери, плочкари, готвачи, електричари, но и за службеници и економисти. Се бараат и лица за работа на бензински пумпи, медицински сестри и сметководители. По главниот град Скопје, има слободни работни места и во другите македонски градови, но најмногу во Тетово, Куманово, Прилеп, Битола и во Охрид.
Вака е статистички, но во реалноста, гледано од газдите на фирмите во Македонија, состојбата е сосема поинаква. Според нив, има сериозен недостиг на работна сила од сите видови профили на работници. Така, во моментов, домашните компании бараат работници од услужните и од угостителските услуги, а многу помалку од производството и од индустриските гранки. Работодавците го гледаат проблемот за тоа што се јавуваат многу малку лица на огласите за вработување во ниските плати, кои не се предизвик за младата работна сила, која сè почесто заминува на работа во странство.
Повеќе на Вечер.прес
- Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски - 09/11/2024
- Засега нема информација дека цената на струјата ќе се зголеми, вели Мицкоски - 09/11/2024
- Многу луѓе ги избегнуваат овие 5 работни места во Германија бидејќи не се „популарни“, а можете да заработите и до 100.000 евра - 09/11/2024