Зголемување на платите на социјални работници за 20%
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денес го потпиша Колективниот договор со синдикатите за зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20%. Овој потег претставува значаен чекор напред во подобрување на материјалниот статус на социјалните работници.
Со овој договор не само што се зголемуваат платите, туку се унапредуваат и правата од работен однос. Тоа ги зајакнува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите, изјави министерот Лимани.
Покачувањето на платите е признание за хуманата мисија и трудот на сите вработени во системот на социјална заштита, со желба за подобри услови за работа и унапредување на услугите што ги добиваат граѓаните.

