НовостиСветот на работникот

Како да го користам ChatGPT за пишување на CV?

   Време за читање 6 минути

Тајната на пишувањето на совршено CV би можела да лежи во ChatGPT. Од неговото лансирање во ноември, се повеќе луѓе кои бараат работа го користат четбоксот, кој го управува вештачка интелегенција, за да им помогне во пишувањето на пропратни писма, да им помогне во прилагодувањето на CV-то и да изработи одговори на очекуваните прашања на интервју за работа.

Од повеќе од 1,000 сегашни и поранешни баратели на работа анкетирани од страна на ResumeBuilder.com, минатиот месец, речиси половина (46 %) изјавиле дека го користеле ChatGPT за пишување на своите биографии или пропратни писма.

Од тие кандидати, 70 % рекле дека забележале поголема стапка на одговори на апликациите за работа откако испратиле CV генерирано од вештачка интелегенција од CV кои ги напишале самите. 59 % од нив биле вработени.

Напредените ВИ можности на ChatGPT му овозможуваат да генерира елоквентни реченици налик на луѓето само за неколку секунди – и тоа бесплатно. Можете од четбоксот да побарате да напише прилагодено CV, на основа на описот на работното место и тој ќе произведе речиси целосен документ, на кој ќе му недостасуваат неколку детали, како вашето име и адреса.

Додека некои менаџери за вработување предупредуваат дека ChatGPT, може да ги поттикне кандидатите да лажат за своите вештини и искуства, други велат дека четбоксот, ако се користи правилно, може да им помогне на кандидатите да состават добро CV и да се истакнат во процесот на вработување.

„Мора да постои елемент на недоверба“

Во овој момент, поголемиот дел од регрутерите и менаџерите за вработување „во суштина не можат да го откријат“ ChatGPT, рекол извршниот директор на ZipRecruiter, Иан Сигел. Тој смета дека четбоксот не е алатка за чие користење луѓето ќе бидат казнети, се додека истата не ја извршува работата 100 %.

„Луѓето кои бараат работа веќе со години без проблем користат помошни алатки базирани на ВИ, како што е Grammarly за да го поправат правописот, стилот и интерпукцијата во своите биографии. ChatGPT не се разликува од нив“, рекол тој.

Во најмала рака, четбоксот може да ви помогне да го поминете почетното испитување на системот за следење на кандидатите и надгледувачите кои поминуваат само неколку секунди во скенирање на вашето CV, навел Сигел. Во најдобар случај, ChatGPT може да понуди примери или предлози за преобликување на вашите искуства и вештини, што дава „исклучителна предност“, истакнал тој.

Меѓутоа, важно е да ги комбинирате измените на четбоксот со сопствено уредување и три пати да проверите дали резимето кое го креирате точно го изразува вашето искуство, пренесува CNBC Make It.

„Не можете во потполност да се потпрете на ChatGPT. Мора да постои елемент на недоверба за да добиете квалитетни информации“, рекол Стив Нокс, потпретседател на на глобалните аквизиции на таленти во софтверската компанија за човечки ресурси Ceridian.

„Се што треба да направите е да прочитате и да уредите“

Ако правите CV од нула, ChatGPT може да ви помогне да направите прилагоден шаблон.

Хуан Пабло Гонзалес, постар партнер за клиенти во глобалната консултантска фирма Korn Ferry, препорачува да пронајдете два примероци од биографии на кои им се воодушевувате, да ги вметнете во четбоксот и да го замолите бототот да креира формат на биографија за вас на основа на примерите кои сте му ги дале.

Или, ао имате ажуриран LinkedIn профил, можете да го споделите линкот со ChatGPT и да побарате да ви креира биографија на основа на информациите на вашиот профил, што би требало да ви „пружи прилично убедлив“ прв нацрт, вели Гонзалес.

„Најголем предизвик со кој луѓето се соочуваат при пишувањето на биографијата е организирањето на сите инфорамции во јасна структура и задржување на најважните информации на една страница. ChatGPT може да ви даде јасни препораки како да точно да го направите тоа… се што треба да направите е да порочитате и уредите по потреба“, посочил Гонзалес.

Како ChatGPT  да ви го надополни CV-то?

Кога ќе добиете солиден нацарт од својата биографија можете да побарате од ChatGPT мислење за тоа дали сте направиле се како што треба, за да бидете сигурни дали сте ги вклучиле сите потребни информации и клучни зборови кои работодавачите ги бараат.

„ChatGPT ќе ви даде подобар, поинтелентен увид кога ќе му дадете пресонализирани информации за работата и истите ги користите за да го усогласите вашето CV со работата за која сте заинтересирани“, рекол Нокс.

Еве неколку конкретни упаства за тоа како да побарате помош од ChatGPT да го дополни вашето CV.

„Ќе ти испратам опис на работната позиција и биографија. Можеш ли да го оптимизираш моето CV за оваа работа? Напишете назнаки во биографијата за (тука внеси го називот на работата), вклучувајќи достигнувања базирани merit (мерење на квалитетот). Ќе ти испратам опис на работната позиција. Кои се клучните зборови за (тука внесете назив работата) и (тука внесете го називот на компанијата)?“

Се поголем број на тренери за кариера споделуваат туторијали за тоа како да го користите ChatGPT, за уредување на биографии, на Тикток, меѓу кои се и некои со милиони прегледи, вклучувајќи ја и Меделин Мачадо, стратег за кариера и регрутација. Таа ги советува луѓето да пробаат со следното прашање: „Можеш ли да направиш CV за (тука внесете го називот на работата), со мерливи резултати базирани на овој опис на работната позиција?“ Потоа можете да ги споредите резултатите кои ChatGPT ги произведува во согласност со биографијата и уредете ја.

Извор: Bankar.me