Светот на работникот

Знаете ли колку секунди троши регрутерот разгледувајќи го вашето CV? Бидете мудри и не правете ги овие грешки

Откако започнала пандемијата, барањата на работодавачите прилично се промениле, а со тоа сега ценат некои вештини повеќе од претходно. 

Ако мислите дека доволно е само да аплицирате за работа и да се појавите на интервју – се лажете. Тука приказната не завршува, туку почнува. 

Имено, регрутерите немаат многу време и трпение да ја анализираат секоја работна биографија која им пристигнува. Просечниот регрутер просечно троши 7,4 секунди скенирајќи некое CV, па би било паметно да ги користите овие стратегии доколку сакате да се истакнете. 

Покажете флексибилност

Прилагодливоста и флексибилноста се врвни вештини за кои работодавачите сметаат дека имаат значење откако започнала пандемијата, покажало истражувањето на „TopResume“ од октомври 2020 година, спроведено на 334 професионалци за вработување. Критичкото размислување и решавањето на проблеми, комуникацијата, соработката и тимската работа се исто така важни за работодавачите овие денови. 

Јасно и содржајно

Вашето CV треба да раскаже јасна приказна за тоа зошто вие, вашето искуство и вештините се квалификуваат за позицијата за која се пријавувате, пишува CNBC. Затоа, „TopResume“ препорачува хибриден формат на CV кој не е во потполност хронолошки. Наместо тоа, горната третина од биографијата на работодавачите би требала да им пружи брз преглед на тоа зошто има смисла да разговараат со вас. Би требало да ги содржи вашите контакт информации, назив, стручна содржина и областа која ја познавате. Потоа објаснете го своето работно искуство. 

Покажете го вашето влијание

Регрутерите сакаат да го видат влијанието коешто сте го направиле на своето моментално или претходно работно место. На пример, истакнете во CV -то колку проектот на кој сте работеле го зголемил приходот на компанијата или ѝ заштедил пари на истата. 

Форматот е важен

Како што е наведено погоре, просечен регрутер поминува 7,4 секунди скенирајќи го CV – то, пред да одлучи дали внимателно да го прегледа, покажала студијата „Ladders“ од 2018 година. „Кога имате толку малку време за да го привлчете вниманието и да го насочите вниманието на својата апликација, сакате да бидете сигурни дека им е лесно да ја скенираат и разберат вашата приказна за кариерата“, вели еден експерт од оваа област за CNBC.

Не го заборавајте пропратното писмо

Кога „TopResume“ ги прашал менаџерите за вработување дали е поголема веројатност дека сега повеќе ќе ги читаат пропратните писма од пред пандемијата, 48 % одговориле да. „Нема да наштети на вашето аплицирање ако вклучите и писмо во целиот процес, но би можеле да ги загрозите вашите шанси за фидбек ако тоа не го направите“, наведува експертот. Но, пропоратното писмо не треба да биде генеричко, туку автентнично и прилагодено на дадената работа. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Freepik