Како потписник на декларацијата, КСС ја потврди својата заложба за унапредување на работничките права
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:
На 18 февруари 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа Годишна конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.
Во рамки на конференцијата беше потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“, со која институциите, работодавачите, синдикатите и академската заедница презедоа обврска за координирана и системска борба против неформалната економија.
Како потписник на Декларацијата, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) ја потврди својата заложба за:
унапредување на законската регулатива и нејзина доследна примена;
целосна заштита на работничките права, пристап до достоинствена работа, правична плата и социјална сигурност;
спречување на непријавената работа и злоупотребите во работните односи;
развој на инклузивни политики и силен социјален дијалог;
транспарентност, отчетност и редовна евалуација на напредокот во процесот на формализација.
Во вториот панел, посветен на тоа како да се создаде пазар на труд, деловно и институционално опкружување што ги поттикнува граѓаните, работниците и бизнисите да функционираат во формалниот сектор, активно учество зеде и претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Во своето обраќање, претседателот Ралповски нагласи дека доколку сакаме формализација тогаш мораме да ја направиме формалноста навистина вредна за работниците и дека обврска е да се создаде систем во кој истата би значела јасна заштита и сигурност.
Потпишувањето на Декларацијата претставува важен чекор кон системски пристап и координирана акција, а КСС ќе продолжи активно да учествува во сите процеси што водат кон создавање поправеден, поодржлив и транспарентен пазар на труд.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: https://shorturl.at/RaUil

