МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Како се селектираат кандидатите за вработување во здравството?

Како се селектираат кандидатите - Работник
75views
Продолжува негативната селекција 🙁
Интегрален пост:
„Другари,
сакам покрај тоа што веќе правно ја потегнавме целата ситуација да ја објавам и на ФБ за да ја видите реалноста во здравството наше и да видите каков кадар се пропушта а каков се прима во доба кога короната убива секојдневно.
Имено на 27.10 се поднесени документи за вработување во здравствена установа Железничар.
Сопругата без партија позади себе самоуверена во сопствениот квалитет и резултат се пријави на конкурсот за работа.
По пријавувањето следуваше стручно тестирање и англиски јазик по кој е објавена конечна ранг листа на која има просек од факултет и поени од испитот.
После објавувањето на ранг листата на која Ана Спасовска Ѓорговска е ПРВА на список потпишан од трочлена комисија,двајца доктори и правник следува интервју со Маријана Даниќ за да ги запознае кандидатите .По тоа интервју директорката Маријана Даниќ денеска ја објавува конечната одлука каде се примени 2 општи докторки кои на ранг листата се ВТОРО И ШЕСТО МЕСТО.
Резултатите од испитот и од просекот кој е 9.48 се исфрлаат и се примаат лица со далеку послаб успех кои утре треба да ги лечат граѓаните. АНА СПАСОВСКА ЃОРГОВСКА КАДАР ЗАВРШЕН НА УНИВЕРЗИТЕТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ СО ПРОСЕК 9.48 И ПРВА НА РАНГ ЛИСТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е ПОТИСНАТА ОД ЛИЦА КОИ СЕ СО ДАЛЕКУ ПОСЛАБ РЕЗУЛТАТ ПО ПРОСЕК И НА СТРУЧНОТО ТЕСТИРАЊЕ ЗА ВЛЕЗ НА РАБОТНОТО МЕСТО. “

Продолжува негативната селекција 🙁
Интегрален пост:

„Другари,
сакам покрај тоа што веќе правно ја потегнавме целата…

Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Thursday, November 19, 2020