Кога се сака да се најде работа, човек се снаоѓа – Кандидатите за работа можат да ангажираат застапник за интервју за работа
Дали некогаш сте имале трема пред разговорот за работа или можеби сте помислиле дека би било добро некој тоа да го направи наместо вас? Се чини дека и за тоа постои решение.
Некои кандидати, на својот разговор за работа ангажираат полномошници да одат на интервјуто наместо нив – и за тоа плаќаат и до 150 долари на час за еден.
„Bait and Switch“ е појава која продразбира кандидатите за работа да ангажираат „професионалци“ кои наместо нив ќе седат на интервјуата со наредените од компанијата. Овој тренд станува се повеќе популарен, а еден „професионален“ застапник за интервјуа рекол дека на клиентите им наплатува и по 150 долари на час.
Овој тренд е во пораст поради зголемениот број на работни места кои можат да се работат од дома и вработувањата во странство.
Инаку, интервјуто „Bait and Switch“ функционира вака: кандидатот за работа ангажира некој друг да се претвора дека е тој на интервјуто за работа со надеж дека ќе успее да го добие работното место. Кога ќе започне на работа, лицето кое го ангажирало застапникот е тоа кое се појавува на работа.

Фото: Pixabay
Како причини поради кои некој би сакал да ангажира застапник за интервју за работа се наведува дека лицето е можеби „незгодно или нервозно“ или не го зборува доволно течно јазикот за да се снајде добро во разговорот. Во поголемиот дел од случаите, кандидатот не е доволно компетентен или пак воопшто нема компетенции за работатата која ја сака.
Поголемиот дел од областите во кои овој тренд се случува се неменаџерски и некреативни. А во областа на ИТ, каде многу „професионалци“ ја добиваат работата за кандидатите, лажните вработени имаат пристап до важни информации кои можат да ѝ наштетат на репутацијата на компанијата или на клиентите.
Со зголемувањето на бројот на интервјуа за работа кои се одвиваат преку телефон или видео повик поради работата на далечина, трендот „Bait and Switch“ станува се полесен.
Извор: BIZLife
Фото: Unplash/Pixabay