ЕкономијаМакедонијаНовости

Колкава плата лани имале директорите на Тетекс?

   Време за читање 1 минута

На неизвршените членови на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово за 2024 година им бил исплатен паушал од 20,000 денари нето за десет месеци и месечен паушал од 30,000 денари нето за два месеци, стои во годишниот извештај за работењето лани на Друштвото, објавен преку Македонска берза.

На претседателот на Одборот на директори му биле исплатени 30,000 денари нето за десет месеци и месечен паушал од 45,000 денари нето за два месеци.

На извршните директори за 2024 година месечните плати им се исплатени согласно нивните менаџерски договори, а на главниот извршен директор Бобан Гоговски му е исплатена награда во бруто износ од 5% од остварена добивка во 2023 година, по основ на менаџерскиот договор и донесена одлука на Собранието на акцонери, стои во извештајот.

Гоговски е претседател и на Надзорниот одбор (НО) на ТТК Банка АД Скопје и член на Одбор на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност, Стеван Томоски (неизвшрен член во Тетекс) е член на одборот на директори на акционерското друштво Осигурителна полиса, а Евгенија Трпкоска (неизвшрен член на Тетекс) е член на НО на ТТК Банка.

Освен нив во Одборот на директори се и Борислав Трповски, Павлинка Трповска, која е извршен директор, Звонимир Ристоски, кој е неизвршен независен член и Душко Мишески, кој е неизвршен независен член.