- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски: Се надевам дека спорот околу работниците од „Стоби“ ќе се разреши што е можно поскоро

Дали Шахпаска и МТСП- Работник
164views

Интегрален текст од прес – конференцијата на координаторот на Трудовиот и Правниот сектор на Левица, Бобан Кочовски

Почитувани медиуми,

Advertisement

Додека останатите политички партии се заинтересирани само за своите лични интереси и зголемување на нивните приходи, Левица останува партија од и за народот. За тоа говори фактот дека бевме и останавме да бидеме најголемите пријатели на работниците во Република Македонија преку разните наши заложби во кои недвосмислено се ставаме на страната на угнетените и обесправените. Доколку Република Македонија беше нормална и правна држава, немаше да има потреба од нашата непосредна помош, но за жал, државата ни е таква каква што ни е, благодарение на политичките елити кои што ја уништуваат децении наназад.

Како што имавме изјавено и претходно, поради кршење на работничките права и нивно манипулирање и злоупотребување во конфекцијата АД Стоби од Велес, конфекција која што остави над 250 работници на улица уште минатата година, ние како политичка партија ден по доделувањето на отказите на овие работници одлучно застанавме во нивна одбрана преку бесплатно правно застапување во судска постапка.

Advertisement
Advertisement

Тужбите беа доставени периодот околу Нова Година, а покана за давање на изјава од избрканите работници добивме дури за денес од страна на Јавното Обвинителство во Велес, по што одреден број од избрканите работници ќе бидат присутни во судската зграда во текот на овој ден. Морам да нагласам дека целата постапка се одвива екстремно бавно, поради за нас непознати причини, но тоа не е ништо ново за правосудниот систем на Република Македонија кој што и самите гледаме на кое ниво се наоѓа. Квалитетот и неподмитливоста на судиите и обвинителите, како и носењето на пресудите нема да ги коментирам, но ќе оставам самите да ги вреднувате по сопствено уверување.

Искрено се надевам дека овој спор ќе заврши што поскоро, со пресуда во корист на работниците, со што ќе се каже јасно и гласно: ДОСТА Е! ДОСТА Е ЗА КРШЕЊАТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА!

Би сакал токму овој спор да биде оној пресуден момент кој што ќе покрене лавина од судски и вонсудски постапки за активно штитење и бранење на работничките права, со цел конечно работникот да биде работник а не роб. Секако, удел ќе има и Левица како политичка партија која што активно ќе се залага за  спречување на идни кршења на правата на работниците преку теренска активност, трансформирање на државните органи задолжени во оваа сфера и секако преку предлагање на подобри закони од веќе постоечките.

Левица била и ќе остане најголемиот пријател на работниците.

Ви благодарам. 

Advertisement