Кој има право на надоместок заради попреченост?
Кој има право на надоместок заради попреченост?
Надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е:
– со тешка или длабока интелектуална попреченост;
– со најтешка телесна попреченост;
– потполно слепо лице; и
– потполно глуво лице.
Надоместок заради попреченост може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.
Лицето кое ги исполнува овие услови не може да оствари право на надоместок заради попреченост, ако користи цивилна или воена инвалиднина согласно со закон или ако со решение на центарот за социјална работа подолго од 30 дена е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка или во здравствена или друга установа за периодот додека трае сместувањето.
Тимот на Јуридика

