МакедонијаСиндикат

КСС: Предупредивме за редиците на луѓе пред банките- мора итно да се преземат мерки за да се спречат редиците

   Време за читање помалку од минута

Секојдневно пред банките може да се најдат редици на луѓе коишто чекаат да ги завршат своите обврски.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС неодамна предупреди дека би можело ова да се случи доколку не се изветуваат граѓаните по електронски пат, со цел да се избегне собирањето на луѓето на едно место и на тој начин да се рашири заразата од Ковид – 19.

За потсетување, во соопштението на КСС стоеше: „Банките итно да се произнесат за времетраењето на одложување на отплата на ратите од кредитите и да испратат пораки или електронски да ги известат граѓаните. Ова го предлагаме затоа што почнува да се прави метеж пред експозитурите, пред се од работниците кои добија отказ“.