ЕкономијаМакедонија

ТРЕНОВСКИ ЗА ТВ 24: ЈАВНИОТ ДОЛГ ИМА ЕФЕКТИ КОИ ДЕЛУВААТ НА ДРУГИТЕ СФЕРИ

Професорот Борче Треновски во емисијата 24 анализа рече дека изминатата година поминала со силно балансирање помеѓу здравствените и економските предизвици зачинети со социјалните предизвици и стандардот на граѓаните.

– Нашата влада се трудеше да балансира. Бизнисот беше погоден особено микро и макро субјектите. Она што особено го одбележа се пакетите на владата за ублажување на ударот и претеснување на фискалниот простор. Јавниот сектор е уште еден предизвик, а јавниот долг има ефекти кои делуваат на другите сфери. Енергетската криза и ценовниот шок кои беа поврзани со глобалните случувања, а завршивме со локалните избори. Дел од економските прашања се заинија со политика. – вели Треновски.