БИТИЌИ ЗА ТВ 24: 2022 ТРЕБА ДА БИДЕ ГОДИНА НА ЕКОНОМСКО ОПОРАВУВАЊЕ
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа рече дека во 2021 ни се случи непредвидлива енергетска криза и тоа никој не можеше да го предвиди и затоа во јуни Владата реагирала.
– 2022 треба да биде година на опоравување, ако нема други негативни фактори. Енергетската криза во светот треба да спласне и да се спушти на нормални текови, исто како и здравствената криза со вакцинацијата. Почнавме одредени процеси, заеднички на извршната власт и приватниот сектор и другите сектори отваравме дебата за дискусии кои не беа долго време отворени, како на пример за царинската управа, за намалување на царинските тарифи за одредени производи во сегментот на производство на преработка за поповолно бизнис опкружување. Зборувавме и за законот за работни односи. – рече Битиќи.

