КСС учествуваше на регионалниот состанок на PERC за безбедност и здравје при работа
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:
КСС зема активно учество на регионалниот состанок на PERC „Здравјето и безбедноста при работа како основно трудово право“ кој што се одржа во периодот 04.12.2024-05.12.2024 во Сараево, Босна и Херцеговина.
Темите за кои што се дискутираше на регионалниот состанок беа: БЗР како основно право на работа; Процесот на поставување стандарди на МОТ: Заштита од биолошки опасности во работната средина; Биолошки опасности: искуствата на национално ниво, позициите на Владите и придонесот на синдикатите во самиот процес; Стандарден процес на поставување во однос на платформската економија.
Помеѓу донесените заклучоци беше тоа дека потребно е оваа регионална мрежа да се инкорпорира во глобалната мрежа за БЗР, но и да се продолжи со работа за биолошките опасности на работа, притоа потенцирајќи дека безбедноста и здравјето при работа треба да биде фундаменален принцип. Како заклучок од состанокот беше и дека потребно е повеќе да се дисутира за стресот и психолошкиот ризик на работа како дел од безбедноста и здравјето при работа.
Секако се дискутираше и за Глобална агенда на синдикатите и приоритети за следните години.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025