МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица: Започна судската постапка за избрканите работници од локалот „Три Бисери“ од Скопје

Левица - Работник
188views

Почитувани,
ја известуваме јавноста дека, денес (02.11.2020) започна судската постапка за избрканите работници од локалот „Три Бисери“ од Скопје.

Левица преку својот овластен адвокат поднесе 5 поединечни Тужби и една групна Кривична пријава против Управителот на фирмата и против самата фирма, и тоа за неисплатени плати, вршење на фалсификат на наводни спогодбени раскини на договорите, неисплатени придонеси, пуштање во правен промет на фиктивни исправи, како и одјавување од работен однос без дозвола и знаење на вработените.

Постапката е на самиот почеток, но од судот очекуваме истата да заврши во најбрз можен рок, како би се растеретиле овие работници од тоа да бидат заглавени во судските лавиринти, кои најчесто се исцрпувачки и сурови.

Левица продолжува активно да се бори за работничките права и уште по посветено со цел, превенција на идни повреди од работен однос, стои во фејсбук статусот на Левица.