Лекција по трудово право: Вработувања во јавни установи за социјална заштита
Рубрика трудово и социјално право
Тема: Вработувања во јавни установи за социјална заштита
Вработувањето во јавните уставнови за социјална заштита е уредено со Законот за социјална заштита. Според овој закон, а согласно и надлежностите кои се предвидени во Законот за вработените во јавниот сектор, директорот на јавната установа за социјална заштита е тој кој подготвува годишен план за вработување во јавната установа за следната година. Директорот на установата донесува одлука за потребата од вработување на даватели на јавни услуги и за пополнување на слободните работни места во установата. Со одлука се одлучува и тоа дали пополнувањето на слободното работно место во установата ќе се изврши преку вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас, објавување на интерен оглас или преку мобилност со распоредување или преземање на вработен согласно одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.
Во поглед на условите за вработување секако важат општите услови, а тоа се кандидатот да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен и да има општа здравствена
способност за работното место. Исто така многу важен услов е и да нема правосилна судска одлука со која му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност. Законот за социјална заштита предвидува и дополнителни услови кои кандидатот мора да ги исполни во зависност од класификацијата на работното место.
ПРАВИЛНО е да се смета дека оние кандидати кои за прв пат се вработуваат во јавна установа за социјална заштита како даватели на јавни услуги задолжително треба да извршуваат пробна работа.
ПОГРЕШНО е да се смета дека по завршувањето на пробната работа веднаш следува вработување, напротив кога на кандидатот ќе му заврши периодот на пробна работа
потребно е истиот да се стекна со лиценца за работа во установа за социјална заштита предвидена со Законот за социјална заштита.
Проф. д-р Лазар Јовевски

