„Македонија е повеќе привлечна за странски инвестиции, отколку за странски работници“ (ВИДЕО)

Бобан Илијевски

Во вториот дел од седмата епизода од Работник Поткаст со професорот на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, Димитар Николоски разговаравме за тоа колку Македонија е привлечна за странските работници имајќи ги во предвид платите и стандардот.

Професорот во текот на поткастот изрази согласување за тоа дека деловната структура, односно структурата на компаниите треба да се трансформира. На тој начин, државата ќе може да произведува и извезува производи со поголема додадена вредност. Ваквата трансформација би придонела и за поголеми плати за домашните работници, а државата би станала попривлечна и за странските работници.

Разговаравме и за тоа дали доколку утре влеземе во ЕУ, работниците ќе ја напуштат Македонија. Николоски рече дека влезот во ЕУ би придонел за поголема мобилност на работниците.

 

 

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.