Uncategorised

Македонски работници се бараат и во неколку регионални компании – Саемот за вработување завршува утре

   Време за читање 1 минута

Најголемиот регионален саем за работа кој започнал во понеделник на 17 октомври, во првите два дена го посетиле 81,000 луѓе кои се во потрага по работа

Оваа година по 13-ти пат на саемот се нудат работни места поделени на тематски целини од областа на Трговија, Производство, Услуги, ИТ, како и посебни работни места и пракса за младите.

Повеќе од 700 работни позиции

Саемот ќе трае до утре (21 октомври) и нуди можност за работа во преку 700 работни позиции во Србија.

Заедно со Србија, учествуваат и Македонија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а вкупно на располагање се 150 работодавачи со преку 1,150 огласи за работа.

Покрај огласите, на посетителите на располагање им е и директна комуникација по пат на онлајн разговор со претставниците на работодавачите за да можат да добијат дополнителни информации, како за работодавачот, така и за моментално распишаните позиции, но и за некои идни потенцијални можности.

Од Вработување.мк, македонската платформа за огласи за вработување, објавија дека аплицирањето за работа никогаш не било полесно отколку сега. Поради тоа, велат, вреди да се пости regionalensaemzavrabotuvanje.coм.

Инаку на саемот свои штандови имаат неколку македонски компании, меѓу кои:

  • Алкалоид
  • Македонски Телеком
  • НЛБ банка
  • Нептун Македонија
  • Костал Македонија
  • Адиент Аутомотив итн.

Од платформата рекоа дека македонски работници бараат и регионалните компании како Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.

Фото: Pixabay

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.