МакедонијаПравдаСветот на работникот

Медицински сестри од внатрешноста доаѓаат на помош во Скопје

244views
Седум медицински сестри и техничари од Општата болница во Кочани од утре ќе бидат работно ангажирани на Инфективната клиника во Скопје. Здравствените работници од кочанската Општа болница, како што јави МИА, ќе работат на Инфективната клиника во следните две недели, а ќе им се придружат и нивни колеги од болниците во Велес, Кавадарци и Кичево.
Прераспределбата е привремена и се реализира по барање од Министерството за здравство, поради недостиг од кадар на Клиниката. Здравствените работници од Кочани ќе им помагаат на своите колеги во лекувањето на пациентите заболени од ковид-19, кои се хоспитализирани во Скопје