Германија го менува „данокот на богати“: Најбогатите плаќаат повеќе, милиони добиваат олеснување
Сојузната влада на Германија договорила опсежна реформа на данокот на доход која од 1 јануари 2027 би требало да донесе значајни даночни олеснувања за милиони граѓани.
Од новите мерки најмногу би требало да профитираат лицата со ниски и средни примања, особено семејствата со деца, додека делот од трошоците на реформата ќе биде покриен со измените во оданочувањето на највисоките приходи.
Според германските медиуми, вкупната вредност на даночните олеснувања ќе изнесува околу десет милијарди евра годишно, пренесува Феникс.
Коалиционата влада планира да го зголеми основниот неоданочлив износ, детскиот додаток и даночниот одбиток за деца, како и да го ублажи ефектот на прогресивното оданочување на доходот.
Целта е, како што наведуваат од Владата, финансиски да се растоварат домаќинствата со ниски и средни примања, а посебен акцент е ставен на семејствата.
Според процените, откако реформата ќе биде во потполност спроведена во 2028 година, семејствата со две деца и оданочен годишен приход од 60.000 евра би можеле да остварат даночно олеснување од повеќе од 600 евра во однос на сегашниот систем.
Поголеми даноци за највисоките приходи
За да ги финансира даночните олеснувања, Владата има намера да го измени оданочувањето на највисоките приходи, односно т.н. „данок на богати“.
Според новиот модел, даночната стапка од 45 % ќе се применува на оданочлив доход од 250.000 евра, додека за приходите над 280.000 евра ќе важи нова стапка од 47 %.
Моментално највисоката стапка од 35 % се применува на доход кој преминува 277.826 евра.
Растат детскиот додаток и неоданочливите износи
Освен измените на даночните стапки, германската влада планира да ги зголеми основниот неоданочлив износ, детскиот додаток и стандардниот одбиток за вработени.
Предвидено е детскиот додаток до 2028 година постепено да порасне на 272 евра месечно по дете. Моментално изнесува 259 евра и се исплаќа без разлика на висината на приходите на родителите.
Истовремено се планираат и промени кои се однесуваат на признавање на трошоците на занетчиските услуги во даночните пријави. Даночно признатиот удел на тие трошоци ќе биде намален од доегашните 20 на 15 %.
Извор: b92.net

