Правда

Мизрахи го посети домот на Јованови во Велес: МТСП ќе побара да им се овозможи социјална пензија

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи:

Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход.
Веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел.
Хуманоста побрза од државата, хуманите граѓани веќе се пријавија за помош.