Мизрахи: Имаме долгогодишна плодна соработка на полето на трудот со Австрија
Министерката за труд и социјална политика д-р Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас на која уште еднаш беа истакнати добрите односи коишто ги поврзуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Австрија во многу проекти од областа на пазарот на трудот и социјалната заштита.
Министерката активно го поддржува и потпишаниот Меморандум за соработка од областа на трудот и социјалната политика кој е потпишан меѓу двете земји во 2014 година кој меѓу другото вклучува размена на искуства од областа на трудот и социјалната политика, право на вработените од областа на безбедност и здравје при работа и трудовата инспекција, развој на социјалниот дијалоги други области.
Министерката Мизрахи посочи дека министерството е отворено за продолжување на Проектот за воспоставување и поддршка за услуги за вработување во Македонија 2019 – 2021 година за кој верува дека ќе придонесе во намалување на бројот на млади коишто не се вклучени во образованието, пазарот на трудот и обуки.
Амбасадорот, д-р Георг Вуцас беше задоволен од средбата, конструктивноста и позитивноста на министерката Рашела Мизрахи за успешно продолжување на започнатите проекти, како и во насока на идна соработка на социјално, економско и културно поле. Тој ја потврди и поддршката на процесите во Министерството за труд и социјална политика кои се во правец на унапредување на системот во областа на пазарот на труд и социјална политика.