Правда

Мизрахи оствари средба со Директорот на Инспекторатот за труд, Хавзиу

   Време за читање 1 минута

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи остварила средба со Директорот на државниот инспекторат за труд Аљадин Хавзиу, напиша Мизрахи на нејзината фејсбук страна:

Денес остварив средба со директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу. На средбата истакнав дека соработката меѓу двете институции треба да биде на највисоко ниво како и доследна примена на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа.

Целта е унапредување и заштита на работничките права и остварување на интересите на работниците за безбедност и здравје при работа.

Економијата и бизнисот не можат да напредуваат без почитување на законите. Со спречување на работата на црно се намалува нелојалната конкуренција во Република Македонија.
Мора да им се осигураат правата на работниците да работат согласно со правилата и законите.
Не смее правата на македонските работници да се кршат, наша задача е да ги заштитиме.