Минималната плата во Хрватска 970 евра од 1 јануари 2025 година
Премиерот на хрватската Влада, Андреј Пленковиќ, најави дека Владата има намера до крајот на мандатот да ја зголеми просечната нето-плата на 1.600 евра, а од Нова година минималната да порасне на 970 евра. Тој нагласи дека платите, пензиите и достапните станови се приоритети на Владата во следните четири години.
– Одлучивме бруто минималната плата од 1 јануари да биде 970 евра, да ја зголемиме за 130 евра – рече Пленковиќ, објаснувајќи дека на овој начин Владата им помага на оние што имаат најмалку.
Според него, во Хрватска има сто илјади луѓе што примаат минимална плата и додаде дека Владата со својата мерка сака нивната плата да биде таква што ќе им овозможи подостоинствен живот.
Пленковиќ најави промена на формулата за усогласување на пензиите според формулата 85:15, според поповолен индекс на раст на платите и на трошоците за живот.
– Владата планира и дополнителни чекори напред во мерките за зајакнување на семејствата и за поддршка на семејствата со деца. Ќе го зголемиме стажот на мајките од 6 месеци на 12 за секое родено или посвоено дете и ќе воведеме годишен додаток – прецизира премиерот.
Нова мерка што ќе биде воведена од 1 јануари идната година е да се зголемат еднократните надоместоци за новородените деца за сто проценти, од 309 на 618 евра.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025