Да беше пред 10 години, овие 2,000 ќе вредеа, но сега…
Автор: Бобан Илијевски
Минималната плата во април 2024 ќе се зголеми на 23,000 денари. Моментално истата изнесува 20,175 денари, што значи дека ќе порасне само 2,800 денари. Тргнувајќи од фактот дека трошоците за живот постојано растат, ова зголемување нема да биде доволно за примателите на минимална плата да можат да ги покријат основните трошоци, а последно што проверив 80,000 вработени го земаат овој износ.
Реакциите на народот за ова зголемување не се баш добри, а со оглед на сите случувања во државата и се очекувани, но мора да се признае дека во голема мера и држат вода. Платите на функционерите се зголемија за речиси 80 %, а минималната плата ќе се зголеми само за 14 %, што речиси е ништо во споредба со процентот на функционерите.
Тие пак, ветуваа дека ќе изнајдат решение за да ги вратат нивните плати како што беа пред Уставниот суд да ја донесе одлуката, но гледаме дека од тоа сѐ уште нема ништо. Нејсе, ајде нека им останат вака платите, ама барем да започнат да применуваат политики кои ќе овозможат раст на платите и на останатите вработени. Нека му помогнат на бизнис секторот во зголемувањето на можностите да исплаќа поголеми плати и нека започнат на работниците да им даваат плус пари, за да можат да ги стигнат трошоците за живот, особено на оние кои имаат семејства.
Не сакам да испадне оти велам дека останатите проблеми кои се поврзани со идентитетот на Македонија и правосудството треба да се остават настрана, но редно е веќе да се има малку по-интердисциплинарен пристап кон работите и да се започне да се обрнува внимание на сите приоритети во општеството, вклучувајќи ги и работните односи кои се една од најважните сфери во една држава.
Аудио верзија
[ai_playlist id=”284255″]

