Минималната плата ќе порасне на 19,600 денари, но дури во март…

Минималната плата во Македонија ќе порасне.

Како што вели премиерот Димитар Ковачевски, тоа ќе биде во согласност со методологијата што беше направена на почетокот на мандатот на оваа Влада.

Јас директно бев вклучен во разговорите за зголемување на минималната плата и во разговори со компаниите од стопанските комори и од Технолошко-индустриските развојни зони, како и при претходното зголемување на минималната плата не постоеше поголем проблем, бидејќи најголем дел од платите во приватниот сектор се на повисоко ниво, особено за стручните позиции. Со зголемувањето на просечната плата се гледа дека сè повеќе се цени трудот на работниците, вели Ковачевски.

Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), минималната плата би изнесувала 20.107 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува  49.585 денари.

Граѓаните не ни очекуваат некое поголемо покачување на минималецот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари.