НовостиПравдаСветот на работникот

Младите лекари ги бараат своите права за специјализација

   Време за читање 1 минута

Младите лекари денеска беа на мирен протест пред Министерството за здравство. Како што велат тие, веќе положиле државен испит, а три месеци подоцна, уште не се викнати во ниту една здравствена установа за задолжителната платена пракса, која мора да ја поминат ако сакаат да запишат специјализација. Тие, како што велат, се чувствуваат како жртви на дискриминација, бидејќи иако сите имаат лиценци од Лекарската комора, не сите добиваат место за платена пракса, која е предвидена во Законот за здравствена заштита.

Младите доктори, исто така, посочуваат дека се под стрес, затоа што специјализацијата се запишува во септември и практично ако не ги викнат на пракса во најскоро време, ќе им го одземат правото да се запишат на специјализација навреме, бидејќи има точно шест месеци до септември. Тие информираат дека Комисијата за имунизација барала дел од овие доктори да одат на пракса во вакциналните пунктови, поради епидемијата со пертусис, ама и тоа барање е без епилог. Само 40-мина млади доктори се примени на задолжителна платена пракса. Според нив, дел од колегите ја започнале платената пракса од шест месеци во Итната медицинска помош и во здравствените домови.

– Се сретнавме со вработените во Министерството за здравство и со министерот – доктор Илир Демири. По средбата, Министерството за здравство испрати барања за брза и итна постапка за да добиеме одговор од Министерството за финансии за нашиот предмет, но сè уште чекаме – вели д-р Симона Ѓоргиевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *