НовостиСветот на работникот

МЛАДИТЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ НЕТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ПЛАТИТЕ: Масовно започнуваат да ги споделуваат онлајн

   Време за читање 3 минути

Транспарентноста на платите станува се попопуларна, но во голем дел од светот отвореното дискутирање за примањата и понатаму е табу тема. За разлика од Соединетите Американски Држави и некои други европски пазари, барањата за транспарентност на платите и за обелоденување на износот на заработките во Азија и понатаму се проблематични.

Иако околу 80 % од анкетираните организации во Азија сметаат дека транспарентноста на платите е важна, „поголемиот дел од азиските пазари немаат посебни насоки за правичност на платите и транспарентност, се наведува во извештајот кој анкетирал повеќе од 350 експерти за човечки ресурси ширум Азија.

„Во многу азиски компании вработените обично се обесхрабрени да споделуваат информации за платите со своите колеги. Оваа пракса често се наведува во договорите за вработување или се третира како неизговорено правило“, рекол Питер Жанг, шеф за решенија за таленти, APAC, во Aon за CNBC Make It.

„Ова може да се препише на културните норми. Покрај тоа, азиските економски пазари и пазарите на труд се подинамични и понестабилни. Работодавачите имаат тенденција да им исплаќаат премија на одбрани групи на таленти за да стекнат конкурентска предност.“

Уште една препрека е недостатокот на „зрелост на менаџментот“ и „вештина за водење на чувствителни разговори за висината на платата“ кои се специфични за овој регион, рекол Жанг.

Платите во САД се задолжителни и во огласите

Додека местата како Калифорнија и Њујорк имаат закони кои бараат од компаниите да го споделат распонот на платите во огласите за работа, поголемиот дел од компаниите во Азија (84 %) ја ограничуваат транспарентноста на платите на интерни заинтересирани страни.

Наместо да чекаат да дојде нов закон, некои припадници на генерацијата ЗИ и милениумците во Азија предводат промени на мрежите. Младите луѓе ширум светот започнале да зборуваат на социјалните мрежи за тоа колку заработуваат.

Каришма Јашани, 28, со седиште во Сингапур, прибрала милиони прегледи на Тик Ток за својата кариера, вклучувајќи и колку заработува работејќи на продажба на технологии, пишува CNBC. 

Тик Ток како покренувач на промените

Минатата година открила дека заработува повеќе од 300,000 сингапурски долари (околу 223,000 долари) во Тик Ток видео кое имало околу 500,000 прегледи.

„Мислам дека целта која сакав да ја постигнам е да ги охрабрам луѓето“, рекла таа.

Јашани е само една од многуте млади луѓето во Азија кои работат на зголемување на транспарентноста на платите во регионот. Престин Давекав е на слична мисија, па уште во 2022 година оваа 32 годишна жена го основала MalaisianPAIGAP, бренд со преку 300,000 следбеници ширум Инстаграм и Тик Ток, познат по своите интервјуа со луѓе на улица во кои ги прашува колку заработуваат.

„Всушност започнав на Инстаграм и за една недела станавме супер вирални во Малезија… и тогаш сфатив дека постојат толку многу индустрии на кои ова им е потребно“, рекла таа.

Низ овие улични интервјуа открила големи генерациски разлики во знаењата и ставовите за кариерите и финансиите. Давекав рекла дека младите луѓе се многу поотворени во поглед на платите, додека постарите генерации се повнимателни.

Воочила и културолошки разлики кога е во прашање разговорот за платите.

Извор: BIZLife.rs

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера