Правда

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми

174views

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19).

Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389  75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Извор: Влада