МТСП: Работодавачите се ДОЛЖНИ да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години
Со цел појаснување и единствена примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со работењето за време на топлотниот бран, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот инспекторат за труд го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Работодавачите од јавниот и приватниот сектор ДОЛЖНИ СЕ да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години возраст.
Препораките за приватниот сектор се однесуваат само на начинот на организација на работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во период од 11 до 17 часот.
Правните субјекти кој вршат градежна дејност и чии активности се вршат на отворено ДОЛЖНИ СЕ да ги запрат активностите во период од 11 до 17 часот.
Со оглед на фактот дека одредени активности на правните субјекти може да претставуваат ризик по здравјето на изложените работници, Државниот инспекторат за труд покрај препораките, при инспекциските надзори постапува и во согласност со одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа.
Така согласно член 49 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа ако инспекторот на труд врз основа на надзор кај работодавачот утврди дека постои непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, со решение ќе ја забрани работата во целост.
Со оглед на тоа што во услови на топлотен бран, високите температури односно високиот УВ индекс се максимум изразени, истите сами по себе претставуваат непосредна опасност по безбедноста и здравјето на работниците за што инспекторите на труд имаат правен основ за изрекување на напред наведената инспекциска мерка.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024