НовостиСветот на работникот

„Нашите деца ќе работат 3 и пол дена неделно и ќе живеат 100 години“: Предвидувања на директорот на ЏП Морган

   Време за читање 3 минути

Подготвил: Бобан Илијевски

Предвидувањата на директорот на ЏП Морган, најголемата американска банка, Џејми Димон велат дека нашите деца ќе работат по 3 и пол дена неделно, благодарение на вештачката интелигенција (ВИ).

Димон неодамна, во интервју за Блумберг, говорел за ВИ и за нејзиното влијание врз работните услови. Рекол дека ВИ помага во елиминирањето на некои од досегашните одлики на работниот ден и дека некои работни места најверојатно ќе бидат целосно заменети од технологијата, пишува Investitor.

„Вашите деца ќе доживеат 100 години и нема да има рак поради технологијата и веројатно ќе работат по три и пол дена во неделата“, рекол тој за Блумберг.

И покрај тоа што некои работни позиции застаруваат, предвидувањата на дирекорот на ЏП Морган покажуваат дека вештачката интелигенција ќе доведе до подобрување на квалитетот на животот за следната генерација работници, носејќи повеќе слободно време. Тоа, исто така, ќе влијае на финансиската индустрија, но и на сите аспекти на бизнисот, рекол тој.

„Секој поединечен процес, значи, грешки, тргување, хедџинг, истражување, секоја апликација, секоја база на податоци, би можела да се примени на ВИ. Значи, тоа може да биде како копилот, можеби ќе ги замени и луѓето“, рекол Димон. Но ветил дека ЏП Морган ќе го „прераспредели“ секој вработен чија работа ќе биде заменета од ВИ.

Димон не е сам во ваквите предвидувања, пишува Бизнис Инсјадер. Многу економисти веруваат дека со развојот на ChatGPT идејата за воведување на четиридневна работна недела станува поверојатна. ChatGPT може да помогне во извршување на задачи како пишување на евалуации, податоци, мејлови и други работи кои би можеле да ја заменат физичката работна сила.

Ефекетите од четиридневната работна недела

Компаниите кои ја тестирале четиридневната работна недела имале позитивни резултати. Работниците биле посреќни и попродуктивни и пријавиле пониски нивоа на стрес и согорување. Компаниите дури забележале зголемување на приходите, бидејќи работниците биле поефикасни.

Како резултат на тоа, многу политичари, економисти, работници и заговорници на менталното здравје ја поздравиле идејата за пократка работна недела, а одредени влади спровеле и тестирање на овој модел.

Сепак, иако идејата за скратена работна недела звучи убаво, некои вработени се загрижени дека ВИ во потполност ќе им ја одземе работата. Прашањето за замена на работниците со вештачка интелигенција се појавило кога Здружението на писатели на Америка стапило во штрајк.

Голдман Сакс предвидел дека 300 милиони работни места на полно работно време ќе бидат „под влијание“ на вештачката интелигенција, во главно во областите како што се технологијата, финансиите и правото. Нема сите овие работни места да бидат потполно елиминирани, но постои голема веројатност дека начинот на кој се извршуваат ќе се промени.

Поточно, ВИ води кон создавање на нови работни места. ЏП Морган, на пример, објавил 3,600 нови работни места претходно во 2023 година, пишува Блумберг. Димон дури работи на создавање на алатка, слична на ChatGPT, за помош на инвеститорите и клиентите на банката.

Извор: BIZLife

Фото: Pexels

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *