Негувателка била нападната од старец кој бил згрижен во старскиот дом каде што работела
Време за читање помалку од минута
Негувателка во старски дом била нападната од старец кој бил згрижен во домот.
Таа вчера во СВР Скопје пријавила дека на 7 март нешто пред седум часот наутро додека ги извршувала своите работни задачи во Дом за стари лица во село Катланово, скопско, била физички нападната од З.М., кој престојувал во домот.
Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје Д.С.(54) од Скопје пријавила дека на 07.03.2024 околу 06.40 часот, додека ги извршувала своите работни задачи во Дом за стари лица во с.Катланово-скопско, била физички нападната од З.М., кој престојувал во домот.
Фото: Pixabay