МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Независен академски синдикат: И приватниот сектор да го сноси товарот од кризата

Независен академски синдикат - Работник
135views

„Остро се спротивставуваме на предлогот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, платите на сите вработени во јавниот сектор да се сведат на минималната плата во наредните два месеци (со исклучок на оние кои се директно вклучени во справувањето со кризата).

Воедно, ја повикуваме Владата да не го прифати овој предлог на претседателот на СДСМ.

Ваквото драстично намалување на платите ќе ги стави во ризик вработените од јавниот сектор и нивните семејства за подмирување на основните трошоци за живот. Покрај тоа, предложените мерки ќе ја оневозможат проактивната улога на професорите и наставниците, кои преземаат активности за продолжување на едукативните активности и во овие вонредни околности, користејќи онлајн алатки“, соопшти Независниот академски синдикат (НАкС), објави МТМ.

Целсониот текст прочитајте го тука