- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникот

Не престанува да се злоупотребува државната помош: 340 вработени останале без плата, поради алчноста на газдите

Не престанува да се злоупотребува државната помош - Работник
461views

Повторно газдите ја злоупотребија помошта од државата, наменета за исплата на плати на работници. Наместо да им ги префрлат на сметките, тие ги зачувале за нив. 

Имено, според директорката на УЈП Сања Лукаревска се работи за газди на 179 фирми кои ја злоупотребиле финансиската помош. 

Лукаревска, на денешната прес – конференција истакна дека државата е оштетена за дури 85 милиони евра, а околу 340 вработени останале без октомвриската плата. Таа најави дека за нив ќе следуваат прво опомени, па присилни наплати, но и кривична одговорност.

„Покрај сите оние јавни опомени и покрај тоа што имаме соодветна постапка во Јавното обвинителство, истите се уште не ја исплатите помошта на своите вработени, а ја земале. Законот налага да се изрече прекршочна санкција, тоа е еден сегмент од тоа како ќе се постапува кон овие неплаќачи“, истакна Лукаревска.

Таа посочи дека дел од газдите кои не им исплатите плати на своите вработени се иститие тие кои ја злоупотребиле помошта и за месеците април, мај и јуни, нагласувајќи дека станува збор за трговија на мало, транспорт и компании кои продаваат готова храна.

Помошта во вид на исплата на плата на вработените ја искористиле близу 13 илјади фирми и земале од 14.500, па сè до 21.700 денари по вработен во зависнот од тоа колку им бил падот на приходите. Фирмите ќе може да аплицираат и за месеците ноември и декември.