НовостиСветот на работникот

Новиот Тикток тренд може да биде погубен при барањето нова работа

   Време за читање 4 минути

Новиот Тикток тренд на снимање видеа за отпуштање од работа е „сулудо ризичен за идните изгледи за работа“, вели поранешната регрутерка во компанијата Гугл, осврнувајќи се на се почестите видеа за добивање или давање на отказ во компаниите.

Тиктокерката Британи Питш објавила видео од своето отпуштање од технолошката компанија Cloudflare. Видеото станало вирално, а медиумите го анализирале начинот на кој компанијата ја отпуштила работничката, но и нејзината одлука да ја објави својата приказна на овој начин. До денес, видеото е прегледано 1,1 милион пати.

Таа не е првата Тиктокерка кој ги споделила овие моменти на платформата. Во април 2023 година, Џони Бонеморт, која сега има 39 години, објавила слично видео.

„Го документирав моето отпуштање бидејќи во тој момент бев многу активна на Тикток“, рекла таа за Make it. Додала дека не ѝ било толку напорно да го сподели својот отказ и покрај ранливоста која ја покажала. Го објавила тоа бидејќи тоа било нејзино искуство, пренесува CNBC Make It. 

95 % од одговорите на гледачите биле позитивни, истакнала Бонеморт. Луѓето ѝ биле поддршка и споделувале слични приказни, а работодавачите започнале да ја бараат нејзината биографија. Всушност, „мојот сегашен работодавач го видел видеото и ме повика на интервју“, рекла таа.

Нивните приказни се охрабрувачки. Тие ја илустрираат позитивната страна од објавувањето на вакви видеа, како што е добивањето на поддршка од гледачите. Експертите за кариера можат да ја разберат нивната привлечност – за некои, тие можат да бидат начин своите работодавачи да ги повикаат на одговорност за нечесните пракси. Поранешниот работодавач на Бонеморт, на пример, не ѝ понудил никаква отпремина. Тие исто така можат на луѓето да им помогнаат да се чувствуваат помалку осамени во тешките моменти. Сепак, кога е во прашање снимањето и споделувањето на сопственото отпуштање или давање на отказ, експертите за кариера советуваат да бидете внимателни.

„Мислам дека ова е сулудо ризично за идните изгледи за работа“, посочил Нолан Черч, поранешен регрутер во Гугл и сегашен извршен директор на компанијата за податоци за платите, FairComp.

Еве што прави едно вакво видео:

Покажува максимална анксиозност

Еден од предизвиците при креирањето на вакви постови е што нема секогаш да ја прикажете најпрофесионалната верзија од вас.

„Ќе го правите тоа во период кога сте многу емотивно надразнети“, вели кариерниот тренер Фиби Гевин.

„Доживувате максимална анксиозност, фрустрација, огорченост, лутина, а тоа не се емоции кои се погодни за носење добри одлуки. Не е во интерес на вашата професионална репутација да објавите видео како плачете или ги проколнувате или ги повикувате на многу агресивен, немилосрден начин, дури и ако тоа се соодветните реакции на начинот на кој сте третирани“, вели Гевин.

@brittanypeachhh Original creator reposting: brittany peach cloudflare layoff. When you know you’re about to get laid off so you film it 🙂 this was traumatizing honestly lmao #cloudflare #techlayoffs #tech #layoff ♬ original sound – Brittany Pietsch

Губење на довербата

На крајот на краиштата, ваквото видео би можело да му отежне на вашиот иден работодавач да ви верува.

„Кога би дознал дека сте го направиле тоа, прво на што би помислил е: ‘па, што уште ставате на социјалните мрежи од работите кои ги зборуваме?’“, рекол Черч.

„Посебно во виртуелниот свет каде можеби работиме на далечина или хибридно морам да верувам во голема мера дека постои добра намера од двете страни, дека секој збор кој ќе го кажам нема да биде снимен. Луѓето сакаат да се чувствуваат пријатно кога зборуваат во текот на интеракциите на работа, и ако мислат дека нешто што ќе кажат би можело да биде употребено на некој начин против нив во иднина, тоа може да ги направи тие интеракции напнати и застрашувачки“, истакнал тој.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *