Како да се издвоите на пазарот на труд: Лекции кои ги носи генерацијата З, еве зошто CV-то повеќе не е доволно
Генерацијата З сѐ повеќе ги користи социјалните мрежи, па дури и апликациите за запознавање, за да понајдат работа на сѐ поконкурентниот пазар на труд. Наместо да се потпираат само на класичното аплицирање и биографиите, младите кандидати се обидуваат да го привлечат вниманието на работодавачите преку вирални видео записи, смешни објави и креативно онлајн присуство.
Вработувањето е на најниско ниво во последните пет години
Причината за таквата тактика лежи во сѐ потешките услови за вработување. На пазрот на труд кој многумина го опишуваат како најизискувачки од пандемијата, бројот на апликации расте брзо, додека бројот на отворени позции се намалува. Според LinkedIn, глобалната стапка на вработување паднала на најниско ниво во последните пет години, додека конкуренцијата за секое работно место значајно пораснала.
Џен З не сонува само канцеларија, туку и како да ја развие сопствената бизнис идеја
Истовремено, многу компании користат вештачка интелигенција за филтрирање на кандидатите, што уште повеќе го отежнува издвојувањето од масата. Затоа некои млади луѓе кои бараат работа се насочуваат кон платофрмите како Тикток и Инстаграм за да ги покажат својата личност, комуникациските вештини и креативност.
„Тикток во суштина станува продолжување на биографиите не генерацијата З“, рекла експeртката за кариера Вики Салеми. „Оваа генерација е навикната да креира содржина. Тие барањето работа повеќе го третираат како процес на креирање на содржина отколку како традиционален процес на аплицирање.“
Вирално не е доволно
Некои кандидати објавуваат видео CV-ја кои на хумористичен начин ги прикажуваат нивните квалификации, додека други креираат презентации и персонализирани кампањи кои им ги испраќаат директно на менаџерите и раководителите. Таквата содржина понекогаш може да стане вирална и да генерира голема видливост, но експертите предупредуваат дека самата виралност не е доволна за да се добие работа.
„Не е доволно само да стане вирално“, рекла Ана Родницки, една од младите кандидатки кои привлекла внимание со видео биографија. „Јас сум многу квалификувана личност и сепак морав да пројдам низ процес на аплицирање за да ја добијам работата.“
Експертите велат дека овој пристап може да им помогне на кандидатите да ги покажат меките вештини како комуникацијата, самодовербата и ентузијазмот, но предупредуваат дека креативната содржина не е замена за искуството и квалификациите.
Потрагата по работа е лоша за менталното здравје?
Со сѐ поголемата конкуренција, потрагата по работа, исто така, го зема својот данок од менталното здравје на младите луѓе. Студиите покажуваат дека голем број кандидати се чувствуваат исфрустрирано, исцрпено и обесхрабрено поради апликациите на кои никогаш не добиваат одговор.
„Често се чувствуваат како да се пријавуваат во празно и не добиваат никаков одговор“, рекла советничката за кариера Данијел Николсон. „Пазарот на труд е неверојатно обесхрабрувачки и фрустрирачки.“
Како резултат на тоа, многу млади луѓе сметаат дека не е доволно само добро CV. Професионалното онлајн присуство станува еднакво важно како и формалното образование и искуство, а границата помеѓу личното брендирање и барањето работа станува сѐ позамаглена.
Меѓутоа, експертите предупредуваат дека кандидатите не би требало да чувствуваат притисок да станат инфлуенсери за да најдат работа. Креативната содржина може да помогне во привлекувањето на вниманието, но долгорочно гледано, знаењето, искуството и способноста на прилагодување на пазарот на труд и понатаму играат клучна улога.
Извор: Blic.rs

