СПМ зема учество на третата меѓународна конференција на полициските синдикати
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
На ден 29.05.2026 година во хотел „Талија“ Игало, Црна Гора беше одржана третата меѓународна конференција на полициските синдикати во кој учество земаа синдикати на пет Балкански држави. Конференцијата беше организирана од Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора на тема „Стрес и траума на работното место при работа – превенција, интервенција, рехабилитација“.
На конференцијата учество земаа и претставници Синдикат на полицијата на Македонија, членовите на Претседателството на СПМ Гоце Петров и Дејан Габеров.
Целта на конференцијата е размена на искуства, унапредување на меѓусебната соработка и отворање на важни прашања поврзани со менталното здравје, стресот и траумите со кои се соочуваат полициските службеници во извршувањето на своите работни задачи.
Преку стручни предавања и дискусии се разменуваа искуства и мислења за начините на справување со стресот и траумите на работното место, како и можностите за навремена поддршка, превенција и рехабилитација на полициските службеници.

