Светот на работникот

Ворен Бафет: Ако не ја совладете оваа вештина, се одрекувате од својот потенцијал

Дури и некои од најголемите светски компании кои се фокусирани на технологијата и вештачката интелигенција издвојуваат милиони за плати за оние кои можат да комуницираат на високо ниво. Тоа е вештина во која цврсто верува и еден од најпознатите инвеститори на светот, Ворен Бафет.

„Морате во животот да бидете способни да комуницирате, тоа е неверојатно важно. Училиштата на тоа му даваат премалку значење“, изјавил Бафет во текот на интервјуто за американскиот портал „Levo League“ во 2013 година.

Тој во својата рана кариера, кога имал 20 години, одлучил да го победи стравот од јавен настап. Тоа го направил така што се запишал на курс. Се присетил дека посетителите на курсот биле преплашени при самата помисла да станат и да го изговорат своето име.

Во текот на својата шеесетгодишна кариера на чело на инвестициската компанија „Berkshire Hathaway“ станал одличен говорник. Всушност, неговиот глас е еден од највлијателните во светот на финансиите и имал моќ да го движи пазарот.

„Ако не можете да комуницирате, разговарате со други луѓе и им ги пренесувате своите идеи, се одрекувате од својот потенцијал“, истакнал Бафет.

Неговиот совет вреди и денес. Според анкетата на американското Национално здружение на колеџи и работодаачи (NACE), усмените и писмените вештини се на самиот врв на листата на желба на работодавачите.

„Учењето е доживотно патување“

Бафет минатата година, во освртот на својата кариера, во своето последно писмо до акционерите на конгломератот им порачал дека учењето е доживотно патување. Како што навел, никогаш не е доцна да се подобрите, да пронајдете вистински примери и да ги следите, пишува деловниот магазин „Fortune“.

Извор: Blic.rs