Останато

Нови вработувања во Здравствениот дом Гостивар, доделени дваесетина решенија

Во Здравствениот дом Гостивар денеска беа доделени дваесетина решенија за вработување, со што установата добива засилување на кадарот. Станува збор за вработување на 6 лекари, 8 медицински сестри, како и по еден физички работник, возач и хигиеничар, кои треба да придонесат за подобрување на услугите кон пациентите и поефикасно функционирање на институцијата.

„На вработените им посакуваме голем успех во работата и порачуваме да бидат на услуга на граѓаните. Новите вработувања ќе придонесат за полесно и поефикасно функционирање на Здравствениот дом. Ова е прв чекор за подобрување на установата од аспект на персонал.“, изјави директорот на установата Вулнет Оломани.

Повеќе тука