НовостиСветот на работникот

Нов тренд кај фирмите: ИМ ДАВААТ СЛОБОДЕН ДЕН КОГА ЖИВОТОТ ЌЕ ИМ СТАНЕ СТРЕСН

   Време за читање 2 минути

Иако кај нас е тешко да се замисли, во светот постојат фирми кои имаат разбирање за тоа дека „не ви денот“.

Тоа значи дека кога животот, како што велат, ќе стане „премногу стресен“ – вработените имаат право да земат слободен ден. Денес, на младите кои за првпат се вработуваат, „деновите за менталното здравје“ не им се непознати, но претходно ова било табу тема.

Кога на работодавецот би му кажале дека не можете да дојдете на работа, бидејќи психички или емоционално не се чувствувате добро, веројатно би ве погледнал попреку. Со други зборови, би помислил дека се „занесувате“.

Сепак, WSJ пишува дека сега е поинаку: многу компании официјално ја препознаваат потребата за тоа и нудат „денови за ментално здравје“.

„Се повеќе компании овозможуваат дополнителни слободни денови за работниците, не поради преглед кај доктор или поради завршување на некоја обврска, туку поради стресните настани вон работното место. Одлуката да се понудат вакви видови на ‘лични денови’, е еден од потезите кои ги прават управителите на компаниите, за да одговорат на загриженоста во врска со менталното здравје на вработените“, вели Лини Лук, директорка во NerdWallet.

Тие, исто така, нудат и денови за ментално здравје во целата компанија, како и соби за одмор на самото работно место.

Додека водат смета за своите работници, компаниите истовремено ги „врзуваат“ за себе, односно привлекуваат нови потенцијални кандидати за работа, кои гледаат бенефит во ваквиот пристап кон персоналот.

Во денешно време, менталното здравје е криза на работното место, рекла Лини Лук и додала:

„Не сметаме дека грижата за менталното здравје е нешто што би требало да се вметне само во платеното отсуство од работа или боледувањето. Вработените во NerdWallet, компанија за лични финансии, добиваат неограничено платено слободно време, осум часа по четвртина платено време за волонтерска работа и петнеделен одмор по пет пет години поминати во компанијата. Управителите биле загрижени дека тоа не е доволно“.

Се наведува дека вработените сега бараат работни позиции кои ги поддржуваат нивните потреби поврзани со менталното здравје – на рекордно ниво.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock