Бројот на работници кои добиле субвенционирана плата двојно се намалил
Владата се уште нема прецизен модел како ќе продолжи мерката за субвенционирање на плати за фирмите погодени од КОВИД кризата. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи уверува дека утре или најдоцна задутре во соработка со стопанските комори и синдикатот ќе утврдат начин како е најдообро да се спроведе мерката преку постојниот начин субвенционирање плати или бескаматни кредити. Во април од државната каса била одвоена субвенција за плати за 128 илјади работници а на крајот од ланската година бројот се преполовил.
„Бројот на вработени кои беа поддржани со плати опаѓаше од месец во месец. За да дојдеме во месец декември кога беше шестиот месец на субвенции како што ги викаат во стопанството да дојдеме до 60 илјади вработени се некако поддржани со мерката финансика поддршка на плати. Тоа покажува дека бројот на компании кои се директно погодени од КОВИД или е паднат или падот не е над 30 проценти“
Од најавената помош од една милијарда евра за стоианството и граѓаните досега се искористени 350 милиони евра. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ смета дека е недозволиво реализацијата на помошта да биде само 35 отсто. Мицкоски бара да продолжи ммерката за субвенционирање плати.
„Немаат пари. Парите ги чуваат за поткуп. За картички и така натаму. Затоа не сакаат да го помогнат стопанството со помош на плати туку сакаат да дадат кредити. Немаат пари и лажат дека помагаат а тоа и самите го потврдија кога рекоа дека ја задолживме Македонија за околу една милијарда а дадовме назад како помош 350 милиони евра. Денес некој веданш треба да си поднесе оставка“
На најавите дека Владата размислува наместо субвенции за плати да воведе бескаматни кредити рагираше бизнисот и синдикатите кои посочија дека многу фирми нема да добиат помош а потои опаснот да се отпуштаат работници. Новиот пакет помош е петти по ред. Се очекува да биде објавен идната недела иако требаше да биде готов на крајот од јануари.

