ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Бројот на невработени расте, сиромаштијата се зголемува – неофицијалната невработени е 80,000

   Време за читање 3 минути

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски за порталот Работник изјави дека во изминатата година официјално работното место го загубиле над 55 000 работници, но дека оваа бројка неофицијално е многу поголема и достигнува до 80 000 работници.

„Владата ги забориви сите овие работници и голем дел до сега не добија никва помош, иако беа излажани од работодавачите да потпишат спогодбени договори за отказ. Најстрашното е дека голем дел од компании кои ги злоупотребија работниците за да повлечат помош од Државата за плати, истите до ден денес не ги исплатија на работниците“, вели Ралповски. 

Слушнавме дека сметките им се блокирани, вели тој, но не слушнавме дека некој одговара кривично, ниту од УЈП па ниту од Јавното обвинителство. Истакна дека загрижува фактот дека имаме злоупотреба на Буџетски пари, а нема кривична одговорност.

Имаме и фирми кои што исплаќаат по 1 или 2 денари на сметка на работниците, што секако системот на УЈП такво нешто не прифаќа. Па сега се прашуваме како тие работодавачи ги повлекуваат од УЈП парите кои што ги исплаќаат за плати назад на нивните сметки , аникој за тоа не поведува истрага , за кое исто така е кривично дело.

Ралповски посочи дека има и компании коишто исплаќаат по 1 или 2 денари на сметката на работниците, што, како што вели, оваа сума системот на УЈП не ја прифаќа. 

„Па сега се прашуваме како тие работодавачи ги повлекуваат од УЈП парите кои што ги исплаќаат за плати назад на нивните сметки , а никој за тоа не поведува истрага, а кое исто така е кривично дело“, истакна Ралповски. 

Па се прашуваме од каде ни пораснала сиромаштијата, вели Ралповски, која според последните податоци  речиси 500,000 граѓани се наоѓаат во таква состојба, нагласувајќи дека токму поради тоа сме на ниско ниво на листите на реномираните агенции како Транспаренски Интернешнл и Економист.

Ралповски изјави и дека една од причините што сме во ваква состојба е виновна токму државата која не ги заштитува работниците преку институциите кои се за тоа надлежни, подвлекувајќи дека  напротив во оваа приказна излегува дека државата и работодавачите се партнери во уништувањето на работниците.

Во изминатиот период, имаше низа на пријави за исплаќање на 2 денари плата на работници, а во голем број беа и спогодбените откази, по чие потпишување работниците немаат право за надомест. Но, најголемото внимание е насочено кон оние работодавачи коишт зедоа финансиска помош од државата и истата ја злоупотребија. Од УЈП рекоа дека тие заедно со Државниот инспекторат за труд направиле контроли во овие компании, по што во вторник следната недела ќе се знаат подетални информации. 

Владата во петтиот пакет мерки предвидува бескаматни кредити, неместо субвенции за плати, па претпоставката е дека ја замениле мерката токму поради тоа да не дојде до повторна злоупотреба на државните пари.