Правда

НУНС: Осуда за нападот на властите на новинарот Лекиќ

   Време за читање 1 минута

Независното здружение на новинари на Србија ги осудило „непримерните навреди“ кои функционерите и народните пратеници на владината коалиција ги рекле по прикажувањето на документарниот филм „Владател“ за новинарот и поранешниот претседател на здружението Славиша Лекиќ, актерите на филмот и Телевизијата Н1 која го емитувала, соопштил НУНС.

Во Собранието на Србија пратениците од листата „Алексндар Вучиќ – Србија победува“ го споредувале Лекиќ со нацистичкиот злосторник Јозеф Гебелс и го поврзале со албанската мафија, а ги навредувале и новинарите Југослав Чосиќ и Весна Малишиќ, како и други соговорници во филмот „Владетел“, додал НУНС.

„Архивските факти од политичката кариера на Александар Вучиќ и изнесените мислења на новинарите, истражувачите и професорите за неговиот лик и дело, не можат и не смеат да бидат повод за да народните пратеници, злоупотребувајќи ја собраниската говорница, брутално ги напаѓаат и етикетираат авторите и емитувачите. Од искуство предуредуваме дека ваквото јавно таргетирање на новинарите може да произведе потешки последици по безбедноста на нашите колеги“, предупредило здружението.

НУНС нападите од државните функционери ќе ги внесе во својата база на податоци за нападите и притисоците врз новинарите и медиумите и, како што се додава, за овој случај ќе ги известат меѓународните новинарски организации.