Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот
Ова е сигурно една од најодалечените волнотерски работи на светот, но исто така, е и една од најинтересните. Во текот на петмесечниот престој, волонтерите од Велика Британија ќе се бават со броење на пингвини на Антрактикот, а и ќе управуваат и со најјужната пошта на светот и ќе ја одржуваат животната средина.
Избрани се две „отпорни“ екипи за оваа задача која ќе ја извршуваат на речиси 15,000 километри јужно од Лондон, соопштила организацијата UK Antarctic Heritage Trust (UKAHT).
Од оваа база се испраќаат илјадници разгледници. Поточно, станува збор за управување со британска база во Порт Локрој на островот Гудијер. Во текот на престојот, пет мажи и жени во тоа подрачје ќе ги бројат гнездата на пингвините, нивните јајца и пилиња, ќе се грижат за тамошниот музеј, како и за илјадниците разгледници кои секоја година се испраќаат.
Островот, кој е голем колку еден фудбалски терен, нема течна вода или тоалети, но има речиси константна дневна светлост и температура под нулата. на секој член на тимот му е дозволено да понесе мала кутија со игри, книги или фотографии.
Втората половина од групата има уште потешка задача пред себе. Треба да се пробие до засолништата на островот Беликлок, кое претставува најмало и најнедостапно место на UKAHT, а до него може да се стигне само со чамец. Итните поправки мора да се прават во многу непогодни услови за историските згради да се доведат во ред. Од голема важност е тоа место да се зачува како временска капсула, рекла шефицата на UKAHT, Камила Никол. Волонтерите ќе имаат задача и да ги категоризираат историските артефакти и да ги приберат дигиталните снимки, пишува Kronen Zeitung.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Pixabay, Shutterstock