Светот на работникот

Овие професии наскоро ќе исчезнат! Родители школувајте ги децата за занимања кои имаат иднина: Ова е списокот!

Со развојот на вештачката интелигенција некои занимања кои со децении важеле за сигурен избор пополека заминуваат во историјата.

Админстративните работници, операторите за внесување на податоци, агентите во кол-центри, па дури и јуниор програмерите и маркетинг асистентите – сѐ се професии кои алгоритмите уште денес ги обавуваат побрзо, поефтино и без пауза, поради што потребата за луѓе во овие области ќе продолжи да опаѓа.

Според проценките на Голдман Сакс, дури 300 милиони постојани работни места ширум светот се изложени на автоматизација, додека две третини од занимањата во САД ќе бидат погодени во одредена мера. Поради тоа, како што наведува Форбс, многу факултетски дипломи ја губат економската вредност побрзо отколку што универзитетите стигнуваат да ги ажурираат програмите

„Примената на вештачката интелигенција веќе е видлива во различни сектори – во медицината, каде се користи за анализа на рендгенски снимки и поддршка за дијагностика, во корисничка поддршка по пат на четботови кои решаваат голем дел од стандардните прашања, во производството, оптимизација на процесите и предиктивно одржување, бидејќи машните ‘јавуваат’ дефект пред што и било да се случи, во образование, преку ВИ тутори, во ХР секторот, каде помага во филтрирањето на пријавите, како и во маркетинг, за генерирање на содржина и SEO оптимизација“, објаснува Татјана Видаковиќ од компанијата „Infostud“.

Загрозени занимања од страна на ВИ:

  • Јуниор програмери
  • Преведувачи
  • Кол центри и корисничка поддршка
  • Административни работи и внесување на податоци
  • Основно сметководство
  • Рутински правни работи
  • Маркетинг на оперативно ниво
  • Производни и фабрички работи
  • Новинари

Кои вештини да се развиваат?

Работа со ВИ алатки: Важно е да се разбере како ВИ функцинира и како се користи во работата. Основната дигитална писменост и ВИ писменоста стануваат минимум.

Аналитичко размислување и решавање на проблеми: ВИ дава одговори, но не ги поставува вистинските прашања. Луѓето кои знаат да дефинираат проблем и да донесат одлука остануваат клучни.

Креативност и оргиналност: Генерирањето на содржина е лесно, но да се осмисли добра идеја која се разликува и понатаму е човечка предност.

Комуникација и работа со луѓе: Преговарањето, емпатијата, водењето на тимови и работата со клиенти стануваат уште поважни, бидејќи тоа се области во кои ВИ има ограничувања.

Извор: Blic Biznis/Kurir