Останато

Овие реченици успешните менаџери секогаш им ги кажуваат на своите вработени

Како менаџер, се наоѓате во центарот за внимание, што значи дека вашите вработени го следат тоа што го зборувате и правите. Вашите зборови за нив се од големо значење – поважни им се отколку што мислите.

Еве три реченици кои успешните менаџери им ги кажуваат на своите тимови – кои помагаат при постигнувањето на подобри резултати:

„Ќе ја пробаме вашата идеја“

Некои идеи очигледно се одлични и не треба многу да се размислувате, за да донесете одлука дали ќе ги реализирате. Други пак, не се баш јасни – можеби имаат некои силни елементи, но истовремено содржат и некои тешки предизвици. На таквите предизвици често сакате да им речете не – но вредноста на тимот е во тоа што имате повеќе мозоци и перспективи на дело. Ако секогаш ги исклучувате сите идеи кои не ви се допаднале 100 %, веројатно губите дел од моќта која ја имате над сите тие мозоци.

Наместо тоа, најдете прилика да кажете, „Во ред, ајде да ја тестираме“. Секако, тоа не значи дека морате да кажете: „Таа идеја ќе ни биде главен приоритет и поголемиот дел од буџетот ќе го префрлиме на неа“. Пронајдете начин на кој ќе ја тестирате идејата, кој нема да потроши многу ресурси. Ако сте како поголемиот дел од менаџерите, ќе се изненадите кога ќе се покаже дека некои идеи кои не ви се допаѓаат ќе ви донесат успех, откако ќе им дозволите на луѓето да експериментираат со нив. Но и да не донесат, сте им покажале на луѓето дека сте спремни да им дадете малку простор и дека учите од нив, што е токму тоа што во опкружувањето поттикнува свежи размислувања и иновации. 

„Што не успевате да завршите“

Менаџерите пречесто размислуваат за работите кои се случуваат, а занемаруваат да проверат што воопшто не се случува. Но во зафатениот тим, со многу задачи, веројатно постојат работи кои паднале на последно место на листата на приоритети, и морате да знаете кои се тие работи. Кога го знаете тоа, можете да заклучите: „Всушнот, А е поважен од Б, па ќе го одложиме малку Б/ ќе донесеме некој да ни помогне/ќе го делегираме А/ ќе размислиме дали воопшто ни е потребен Б“.

Секако, во сето ова немојте да мислите дека вашата цел е да ги „фатите“ соработниците како не работат на одредена задача. Тонот е навистина важен: „Јасно ми е дека имате многу работа и не стигнувате да завршите се‘“ е подобро од „Ако ми ја кажете вистината, ќе има проблем“.

„Што мислите“

Менаџерите често носат брзи одлуки и даваат насоки во подрачја во кои нивните членови на тимот можат сосема добро сами да одлучат за понатамошните чекори. Понекогаш успешните менаџери толку се навикнати да даваат насоки, што константно го прават тоа: некој ќе спомне проблем, вие го давате решението. Но, ако застанете и ги прашате соработниците што мислат за тоа, пред да го предложите можното решение, можеби ќе откриете дека и вашите луѓе наоѓаат решенија, често подобри и од вашите.

Извор: Stratego/Fast Tracka/Blic.rs

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk