ЕкономијаНовостиСвет

Овој град дава 900 евра за да се преселите во него

   Време за читање 3 минути

За овој град велат дека е рај за љубителите на природата и ентузијастите во спортовите на отворено, а сега нуди 900 евра и помош за да се преселите таму.

Сместен на северот од земјата, во шведскиот дел на Лапонија, Гломерстреск, остава без здив со својата природа, но бројот на жители е во нагло опаѓање во последните децении, со особено мал број на деца на школска возраст. Ситуацијата е дојдена до таму да се заканува затворање на училиштето доколку бројот на ученици продолжи да опаѓа, пренесува Телеграф.

Поради тоа властите тестираат програма за обнова на бројот на жители која наголемо се користи во други европски земји како Италија и Шпанија.

Ова село во Лапонија ќе им плати на семејствата скоро 900 евра за да се преселат таму. Во 1950 година, Гломерстреск имал популација од околу 1,000 луѓе. Сега во селото живеат само 200 луѓе, а само 23 лица посетуваат настава.

Локалниот совет одредил дека ако бројот на учениците во училиштето падне под 25, тоа можеби ќе мора да се затвори. Учениците би биле префрлени во најблиското училиште во Арвидсајаур, кој е отприлика 40 километри оддалечен.

Средното училиште во селото е затворено во 2009 година, откако бројот на ученици во 2007 паднал на само 18.

Како можете да добиете пари за преселување во Лапонија?

Glommersbygdens Framtid, што во превод значи „Иднината на Гломерсбајгден“ и се однесува на локалниот регион, нуди парична помош од 10,000 круни (околу 875 евра) за првите пет семејства кои ќе се преселат таму.

Семејствата треба да имаат деца кои се на основно-школска возраст, од 6 до 15 години, и да посетуваат настава во локалното училиште Парксколан најмалку една учебна година.

Групата Glommersbygdens Framtid вели дека ќе им помогне на семејствата да пронајдат недвижнина и дека ќе состави листа од можности за вработување во тоа подрачје.

Граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ можат да се пријават, но прво мораат да добијат дозвола за престој во Шведска.

Зошто би требало да се преселите во Гломерстреск?

Гломерстреск е опкружен со недопрена природа, но и покрај тоа има корисни услуги во близина.

Технолошкиот центар Скелефтеа е оддалечен отприлика еден час возење. Средното училиште во Арвидсајаур е на половина час возење, додека до Лулеа, крајбрежниот град со музеи и плажи, може да се стигне за два часа.

Сите три градови имаат мали аеродроми со летови за други европски земји, вклучувајќи ги Германија и Франција.

Групата наведува дека едно семејство веќе поднело пријава за програмата, додека друго неодамна стигнало во градот со деца кои ќе одат во основно училиште.

„Се надеваме дека ќе бидат повеќе“, рекле за ДН.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Chizhevskaya Ekaterina

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси