ЕкономијаНовостиСвет

Овој европски град е најскап во светот за живот

   Време за читање 2 минути

Швајцарија е позната по големите трошоци за живот, а тоа го потврдил и овогодишниот извештај на Cost of Living Index by City 2024, кој го објавил Numbeo, најголемата светска база на податоци за градовите и државите ширум светот.

Според нивните податоци најскапи градови за живеење досега во 2024 година се Женева и Цирих, а зад петици им е Њујирк. При изработката на извештајот предвид се земени трошоците за намирници, киријата, оброците во ресторан и вкупните трошоци на живот.

Во Женева намирниците се за 11,4 % поскапи отколку во Њујорк, а цените во рестораните се повисоки за 1,5%. Меѓутоа, тропоците за кирија се пониски за 40,4 % во Женева во споредба со Њујорк, пренесува Индекс, пишува б92.нет.

Ова се десетте најскапи градови за живеење:

  • Женева, Швајцарија
  • Цирих, Швајцарија
  • Њујорк, САД
  • Сан Франциско, САД
  • Бостон, САД
  • Рејкевик, Исланд
  • Вашингтон, САД
  • Сијетл, САД
  • Лос Анџелес, САД
  • Чикаго, САД

Женева сепак е и еден од најдобрите градови за живот

Иако Швајцарија е најскапа држава за живот на светот, Женева исто така е рангиран како еден од најдборите градови за живот. Во средината на годинава Виена по четврти пат во последните шест години беше прогласен за најдобар град за живот, покажуваат податоците на Economist Intelligence Unit (EIU). Цирих се нашол на третото, а Женева на шестото место на скалата.

Минатата година, The Economist објавил кои се најскапите градови во 2023 година. Во извештајот на Index Worldwide Cost of Living се споредуваат цените на повеќе од 200 производи и услуги во 173 градови ширум светот, а според тие резултати најскапи испаднале Сингапур и Цирих. Женева била на трето место заедно со Њујорк.

Фото: Shutterstock/Sean Pavone