- Advertisement -
Правда

Онлајн дебата за новите предизвици во високото образование

Онлајн дебата - Работник
241views

Универзитетот „Климент Охридски“ Битола започнува со серија дискусии за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз високото образование. Изборот на теми е многу широк: ќе се разговара за студентите и новите предизвици, за влијанието на пандемијата врз економијата и развојот, правно-политичките и меѓународни аспекти од пандемијата, влијанието врз туризмот, врз локалниот и регионаленразвој, како и за психолошките предзвици.

Корона онлајн дијалозите се отворени за учество и на претставници од МОН и други универзитети. Во контекст на новонастаната ситуација тие имаат за цел да го одржуваат духот кај студентите и професорите, да ги мотивираат, да ги активираат и анимираат.

Advertisement

На овој начин УКЛО настојува активно да придонесе во јавните политики односно во утврдувањето на натамошните правци на развој и одговори на предизвиците и последиците од пандемијата. Модератор на серијалот е проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски. Серијалот ќе се одржува секоја среда од 19:15 часот, почнувајќи од 6 мај 2020.

Advertisement
Advertisement