ЕкономијаМакедонијаНовости

„Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати, оцени Ковачевски

   Време за читање 1 минута

Иницијативата „Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати. Имаме зголемена трговија меѓу трите држави, систем на слободни движење на работната сила и олеснет проток на стока, оценува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. 

Дали и во која форма ќе функционира „Отворен Балкан“ е прашање на државите кои се дел од оваа иницијатива, рече денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања. 

Тој посочи дека се работи за оргинална иницијатива која потекнува од три држави од Западен Балкан, а како резултат на неа воведени се зелени ленти, тргнати се голем број нетарифни бариери, усогласени се фотосанитарните контроли, признати се диломите и воспоставен е систем за слободно движење на работна сила. 

„Трговијата меѓу Македонија и Србија е зголемена за 50 проценти, трговијата меѓу Македонија и Албанија е зголемена за 40 проценти, а вкупната трговија меѓу трите земји е зголемена за 25 проценти. Ако ги прашате бизнисмените и компаниите дали вреди, ќе ви кажат да, ако ги прашате работниците, ќе ви кажат да, а ако ги прашате политичарите, ќе добиете филозофирање затоа што немаат агенда“, рече Ковачевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *